02/ 2654-654; 02/ 2655-655 toltumotors@greatwall.mk

од 22.400 €

ГАРАНЦИЈА 5 ГОДИНИ ИЛИ 150.000 км.

Haval H6 – голем, удобен, модерен и богато опремен SUV

Футуристичкиот дизајн, хармоничните линии, нагласено агресивниот изглед – тоа се карактеристиките кои даваат неповторлива слика за HAVAL H6. Тој е мешавина од стилски дизајн, комфор и возбуливи перформанси и извонредна вредност за вашите пари.

Карактеристики на возилото кои се инспирирани од желбата за иновации, и кои ќе го направат вашето патување пријатно и сигурно

УДОБНОСТ

Кабината на Haval H6 обезбедува максимален внатрешен простор. Седиштата се направени од висококвалитетни материјали меки на допир и имаат анатомски профил за максимална удобност за возачот и патниците, дури и при долги патувања. Двозонскиот клима уред овозможува да се постигне посакуваната температура во различни зони во кабината.

Без отстапки во однос на безбедноста

За да можете да уживате во агилноста во сите услови на возење, безбедноста беше водечки мотив во проектирањето на Haval H6. Ова вклучува покачена позиција за седење и одличен панорамски поглед, а во потрага по бескомпромисна безбедност при проектирањето на возилото, конструкторите на Haval H6 развиja иновативен заштитен кафез кој дополнително ја засилува кабината.

Високи технологии за високо ниво на безбедност

HAVAL H6 е опремен со голем број на смарт уреди и технологии кои му асистираат на возачот и ги спречуваат потенцијалните опасности. Само дел од пасивните и активните безбедносни системи се: ABS, EBD антиблокирачки систем за кочење; ESP електронска програма за стабилност; BA асистент за сопирање во итни случаи; TPMS контрола на притисокот во гумите; LDW и LCA системите за пратење на патната лента; CTA систем кој известува за наглото приближување кон возило напред; воздушни перничиња за возачот и совозачот со две активирачки нивоа, странични воздушни перничиња и странични воздушни завеси; HDC и HAC асистентите за качување по нагорнини и спуштање по надолнини и многу други.

МОТОРИ И МЕНУВАЧ

1.5 GDIT

Напредната CVVL технологија на 4-цилиндричниот бензински мотор кој ги задоволува ЕURO 6 стандардите, развива високи 163 к.с. и истовремено ја намалува потрошувачката на гориво. Млазниците се центрирани така што директното вбризгување на горивото во цилиндарите обезбедува максимална моќност од секоја капка гориво.

2.0 GDIT

Модерниот 4-цилиндричен турбо бензински мотор ги задоволува ЕURO 6 стандардите. Развива 190 к.с., што овозможува максимална агилност, забрзување и крајна брзина. Електронски контролираниот турбополнач со променлива геометрија овозможува побрз одзив на моторот.

Автоматски 7-степен DCT менувач

7-степениот автоматски DCT менувач претставува најсовремена технологија во автомобилската индустрија денес, а е потврдена со наградата “ТОП-10 најдобри менувачи во светот за 2017 година”. Преносот со двојна спојка оптимално синхронизиран со моторот, обезбедува сигурна работа и брзи промени на брзините. Промените на брзините траат помалку од 0,2 секунди, така што менувањето на брзините е мазно и незабележливо, а моќното забрзување е загарантирано. Намален е за 25 мм. во должина, полесен е за 10 кг., а со користењето на масло со мала вискозност придонесува за подобрување на економичноста и заштеда на горивото за 5%.

ДИМЕНЗИИ

Половни возила

Старо за ново

Сакате да купите половно возило или да го замените вашето старо возило за ново? Проверете кои половни возила ги нудиме.

Контактирајте не

02/ 2654-654
02/ 2655-655

Локација

ул. “Скупи” бр.1, 1000 Скопје

Email

toltumotors@greatwall.mk

Работно време

Понеделник – Петок : од 8 – 17 часот
Сабота: од 8 – 15 часот
Недела: Затворено

Испратете порака