02/ 2654-654; 02/ 2655-655 toltumotors@greatwall.mk

Steed 6

ГАРАНЦИЈА 5 ГОДИНИ ИЛИ 150.000 км.

Great Wall Steed 6

Кој вели дека пикап возило не може да биде возбудливо? STEED 6 e полуксузниот и функционален претставник од гамата GREAT WALL. Со поголемо меѓуоскино растојание, со поголем товарен простор и повеќе простор во внатрешноста.

STEED 6 импресионира со дрскиот и агресивен изглед благодарение на големата хромирана решетка и впечатливите предни светла опремени со оптички насочни леќи. Пространата кабина, луксузниот ентериер и богатата опрема гарантираат зголемен комфор, додека јаката челична шасија и каросеријата заштитена со специјална облога гарантираат одлична носивост и безбрижно користење на секакви терени.

STEED 6 има активни и пасивни безбедносни системи кои обезбедуваат бескомпромисна безбедност за возачот и неговите придружници. Возилото е опремено со двојни воздушни перничиња за возачот и сопатникот, како и странични воздушни перничиња и воздушни завеси за сопатниците. За контролата на возилото и неговото однесување на патот задолжени се уредите за електронска стабилност (ESP), системите за спуштање и искачување по стрми терени (HHC, HBA), како и системот за следење на притисокот во гумите.

Можност за поврат на ДДВ.

Совршен баланс на употребливоста, перформансите и безбедноста

Новиот Steed 6 е изграден со леснотија да ги надминува сите пречки на патот и да ве донесе сигурно и безбедно до посакуваната дестинација. Опремен е со најнапредната технологија што во моментов е достапна во автоиндустријата за да ви овозможи комфор додека ги извршувате секојдневните обврски, без разлика на патот и должината на дестинацијата.

ESP (Електронска програма за стабилност)

Со вградениот Bosch ESP системот, во Steed 6 се интегрирани системите ABS (систем за контрола на блокирање на тркалата при кочење), EBD (електорнска дистрибуција на силата на кочење), TCS (систем за контрола на тракцијата), HHC (асистенција при поаѓање на стрми терени). Интегрираниот систем го мониторира и го анализира режимот на возење, ја анализира подлогата и активно и континуирано ги корегира грешките при возењето и навремено интервенира во опасни ситуации со цел да се подобри стабилноста и безбедноста на возилото и патниците.

Заклучување на диференцијал

Со користење на диференцијалното заклучување се врши подеднаква распределба на преносот на сите тркала, со што се овозможува целосно уживање во off-road возењето. Диференцијалот автоматски се заклучува кога се појавува разлика во ротирањето на тркалата со што тркалата добиваат иста моќ за да му помогнат на возилото лесно да излезе од проблемите и да обезбеди безбедно пристигнување до посакуваната дестинација.

Автоматска клима
Електрично задвижувано возачко седиште во 6 насоки
Радар за возење назад
Електрично задвижуван анти-рефлектирачки ретровизор
Екран за помош за возење назад
Имобилајзер
Контрола на притисок во гуми
Волан обложен со кожа и контроли за радио, Bluetooth и Cruise Control

Спецификации

Технички податоци:
Должина: 5345 мм
Клиренс под полно оптоварување: 200 мм
Широчина: 1800 мм
Височина: 1760 мм
Преден/заден агол на приод/одминување: 25/21°
Носивост: 950 кг.
Меѓуоскино растојание: 3200 мм
Зафатнина на резервоар: 70 л

 

2,4i 122к.с. Бензински реден 4 цилиндричен мотор со електронско палење.

Зафатнина: 2378 куб.см.
Максимална моќност: 122 к.с.
Максимален вртежен момент: 200 Нм
Забрзување 0-100 км/ч: 13 сек
Максимална брзина: 160 км/ч
Средна потрошувачка: 12,4 л/100км

Бои

-18%

Можност за поврат на ДДВ

Половни возила

Старо за ново

Сакате да купите половно возило или да го замените вашето старо возило за ново? Проверете кои половни возила ги нудиме.

Контактирајте не

Салон: 02/ 2655-655
Сервис: 02/ 2654-654

Локација

ул. “Скупи” бр.1, 1000 Скопје

Email

toltumotors@greatwall.mk

Работно време

Понеделник – Петок : од 8 – 16 часот
Сабота: од 8 – 15 часот
Недела: Затворено

Порака