02/ 2654-654; 02/ 2655-655 toltumotors@greatwall.mk

STEED 7

ГАРАНЦИЈА 5 ГОДИНИ ИЛИ 150.000 км.

GWM Steed 7

Новата, 7-ма генерација на еден од најпродаваните пикапи комбинира практичност,
современа технологија и врвна безбедност.

Steed 7 се разликува од неговите претходници со уште поголемо меѓуоскино растојание,
поголемо растојание од тлото и поголем товарен простор.

СЛОБОДА ДА СЕ ДВИЖИТЕ САМОУВЕРЕНО

ГАРАНТИРАНА БЕЗБЕДНОСТ

Steed 7 користи потпорна рамка на каросеријата, опремена со попречен стабилизатор, што значително ја зголемува стабилноста и контролата на пикапот. Неговата кабина е дизајнирана од челик со висока јачина. Употребата на германската технологија KUKA за ласерско заварување ја подобрува нејзината цврстина, сила и работен век. Во случај на судир, телото ја апсорбира силата на ударот, со што ефикасно се намалува степенот на деформација.

НАДВОР ОД ПАТОТ

Големото растојание од земја, дополнителна заштита на картерот, максимален агол на пристап ги подобруваат теренските карактеристики на пикапот за да стигнате до саканата дестинација, без оглед на условите на патот. Антикорозивната заштита на каросеријата, како и заштитниот слој на товарниот простор, го штитат од негативни ефекти и оштетувања.

ПОВЕЌЕ ОПЦИИ

Steed 7 е пикап со двојна кабина, кој нуди максимален внатрешен простор и удобност за сите патници. Огромниот товарен простор овозможува превоз на секаков товар, без оглед на нивната големина. Максимална носивост од 1050 кг. Тоа ви дава слобода да се движите самоуверено.

За поудобно патување

Мултифункционален по природа, Steed 7 е првиот пикап во гамата GWM што се потпира на поудобна внатрешност карактеристична за патнички автомобил. Големиот екран на допир сместен на врвот на контролната табла овозможува брз пристап до мултимедијалните функции и ги обезбедува сите потребни информации за возилото. Наваленоста на екранот му овозможува на возачот лесна читливост додека управува со возилото.

4WD ПОГОНСКИ СИСТЕМ

Steed 7 е опремен со електронски систем за погон на сите тркала од Borg Warner, како и можност за заклучување на задниот диференцијал од Eaton. За подобро возење, можете да изберете помеѓу режимите 2H, 4H, 4L.

BOSCH ESP СИСТЕМ 9.0

Системот е дизајниран да го следи и анализира во реално време однесувањето на патот на возилото и веднаш да преземе корективни мерки во случај на отстапувања од поставената траекторија.

ПОМОШ ЗА СТАРТ НА НАГОРНИНА

HHC му помага на возачот при стартување на нагорнина, држејќи го возилото неколку секунди со примена на сила за сопирање.

СИСТЕМ ЗА КОНТРОЛА НА ПАТУВАЊЕТО

Системот овозможува одржување на константна брзина при возење по прави и рамни делови.

КАМЕРА ЗА ВОЗЕЊЕ НАНАЗАД

Кога возите наназад, површината зад автомобилот се прикажува целосно автоматски на екранот, што ја подобрува безбедноста и го олеснува паркирањето.

ЦЕЛОСЕН ПАКЕТ ВОЗДУШНИ ПЕРНИЧИЊА

Steed 7 има вградено предни и странични воздушни перничиња, како и воздушни завеси за максимална безбедност за сите патници.

Технички податоци

Мотор Бензински

Капацитет на моторот 2.378 ccm3

Максимална моќност 150 КС (110 kW) / 5.500 в.м.
Максимален вртежен момент 220 Nm / 4000 в.м.
Менувач 5 МТ
Просечна потрошувачка на гориво 11,1 л / 100 км
Ниво на емисии на СО2 во мешан циклус 255 g / km
Најмала висина од тло 212 mm
Преден / заден агол на пристап 29° / 23°
Носивост 1.050 кг
Дим. на товарниот простор 1.680 x 1.460 x 480 mm

Димензии

Ниво на опрема

ШАСИЈА И УПРАВУВАЊЕ
  • BorgWarner TOD интелигентен погон 4х4
  • Управувачки систем со хидрауличен засилувач
  • Прилагодлив волан
  • Вентилирани предни / задни диск сопирачки
БЕЗБЕДНОСТ
  • ABS (систем за сопирање против блокирање на тркалата), EBD (електронска распределба на силата на сопирачката), BA (помош при сопирање)
  • ESP (електронски систем за стабилизација)
  • HHC (систем за помош при поаѓање на стрмен терен)
  • TPMS (систем за следење на притисокот во гумите)
  • Сензори за паркирање – задни
  • Предни воздушни перничиња
  • Предни сигурносни појаси со 3 точки што се прилагодуваат по висина
  • Автоматско заклучување на вратата по 15 км / ч
  • Автоматско отклучување на вратата во случај на несреќа
  • ISOFIX – систем за прицврстување на детско седиште
  • Каросерија отпорна на деформација со засилувања во вратите
  • Централно заклучување со далечински управувач
  • Предупредувачки сигнал за откачен појас, отклучена врата, заборавен клуч
МУЛТИМЕДИЈА
  • Мултимедијален систем со голем екран на допир
  • MP5 + радио + USB
  • 4 звучници
НАДВОРЕШНОСТ
  • Алуминиумски тркала од 16 инчи
  • Големина на гуми 235/70 R16
  • Резервна гума во целосна големина со челичен бандаш
  • Испрскана заштитна обвивка на товарниот простор
  • Специјален антикорозивен премаз
СТАКЛА  И ОГЛЕДАЛА
  • Предни и задни електрично задвижувани прозори
  • Греење на задното стакло и ветробранско стакло во пределот на бришачите
  • Ел. прилагодливи, загревани странични ретровизори со интегрирани LED трепкачи
ВНАТРЕШНОСТ
  • Тапацир од кожа на вратите
  • Кожен волан со контрола на аудио системот + Bluetooth + темпомат
  • Контрола на патувањето
  • Излез од 12V во централната конзола
  • Текстилни седишта
  • Рачно подесување на возачкото седиште во 6 позиции
  • Рачно подесување на совозачкото седиште во 4 позиции
СВЕТЛОСНИ СИСТЕМИ
  • Предни / задни светла за магла
  • Дневни светла
  • Високо трето стоп светло
  • Ел. прилагодување на висината на фаровите
  • Проширување на зоната на осветлување при свиоци
СИСТЕМ ЗА КЛИМА
  • Клима уред со филтер за полен
Покрај нивото на опрема ONE
  • Кутија за чување очила за сонце
  • Кожни седишта
  • Загревани предни седишта
  • Електрично прилагодување на возачкото седиште во 6 позиции
  • Камера за рикверц
  • Странични воздушни перничиња и воздушни перничиња со завеса
  • Аудио систем со 6 звучници
  • Автоматски фарови и брисачи
  • Автоматски клима уред со филтер за полен
  • Странични алуминиумски скали за качување

Бои

Галерија

-18%

Можност за поврат на ДДВ

Половни возила

Старо за ново

Сакате да купите половно возило или да го замените вашето старо возило за ново? Проверете кои половни возила ги нудиме.

Контактирајте не

Салон: 02/ 2655-655
Сервис: 02/ 2654-654

Локација

ул. “Скупи” бр.1, 1000 Скопје

Email

prodazba@greatwall.mk

Работно време

Понеделник – Петок : од 8 – 16 часот
Сабота: од 8 – 15 часот
Недела: Затворено

Порака

6 + 10 =

*Пополнувањето на сите полиња е задолжително