02/ 2654-654; 02/ 2655-655 toltumotors@greatwall.mk

Модерно-класичен стил
Во последниве година и половина имавме можност да испробаме неколку SUV возила кои доаѓаат од Кина. А за Haval H6 може со сигурност да кажеме дека е на самиот врв. Ова е модел кој може да се пофали со елегантен и модерен дизајн кој во ниту еден момент не заостанува зад развиканите европски, јапонски или корејски соперници. Профилот може да потсетува на некои од конкурентските модели, но тоа е случај кој генерички се повторува низ класата, сите модели помалку или повеќе личат еден на друг.

Комфорна и трендовска содржина
На првиот контакт со кабината веднаш доаѓа до израз обилниот простор кој таа го поседува. Покрај максималниот комфор на убавo обликуваните предни кожни седишта тука е и енормниот простор што се нуди на задната клупа. Не е заборавен ниту багажниот простор чиј капацитет во основната конфигурација е 620 литри а може оди до максимални 1.290 литри кога се соборени задните седишта.
Класичните инструменти се веќе минато во овој сектор, нивното место го заземаат модерните дигитални мерачи кои може да се прилагодат според вашите преференци, слично како кај најновите германски преставници.

Изненадувачки флексибен склоп
При изборот на двигател кај Haval H6 се нудат две турбо бензински моторни опции. Oсновниот 1.5 литарски агрегат со 163 КС и 280 Nm и 2.0 кој испорачува 190 КС и 340 Nm. Менувачот е само еден – седумстепен автоматик со двојна спојка кој ја испраќа силата единствено на предните тркала.
На наше изненадување, се покажа дека ова е еден од најфлексибилните бензински четирицилиндерски мотори што сме ги возеле во последно време. Навремената испорака на максималните 340 Nm влечна сила се одвива во распон од 2.000 до 3.200 вртежи во минута. Вртежниот момент буквално прави да се чувствувате како да сте зад управувачот на автомобил со многу мазен дизел мотор што работи без препознатлива врева.

превземен дел од текстот објавен во avtoplus.mk

Прочитај го целиот текст тука:
https://avtoplus.mk/test-haval-h6-opravdani-visoki-celi/