02/ 2654-654; 02/ 2655-655 toltumotors@greatwall.mk

Џокерот на Haval има појава на ѕвезда, внатрешноста приредува пријатно изненадување, во возењето се стекнува впечаток дека тоа е зрел и способен автомобил. Кинескиот концерн со Haval Jolion го најде своето место на пазарот, а тоа воопшто не е во најевтиниот сегмент.

Ништо не може да нé изненади повеќе отколку што очекуваме да бидеме изненадени. Освен кога на сцената стапува Haval. Тоа е фината марка на домаќинскиот кинески концерн Great Wall Motor, што увозникот Толту ја развива на македонскиот пазар веќе подолго од една деценија.
Изгледот на Jolion оддава луксуз и раскош, маркава не сака да привлекува со тоа што ќе понуди нешто поевтино, туку подобро.
Надворешноста на Haval Jolion привлекува, но најголемото изненадување следи во внатрешноста, коешто поттикнува љубопитност да се откријат останатите детали.
Причината за доброто чувство во Haval Jolion сигурно лежи и во фенг шуи, кинеската вештина на управување со енергијата, што светот надвор од Кина не научи да ја копира.

превземен дел од текстот објавен во automedia.mk
автор: Дарко Јаконов
Прочитај го целиот текст тука:
https://automedia.mk/objavi/test-haval-jolion-15t-supreme/