02/ 2654-654; 02/ 2655-655 toltumotors@greatwall.mk

Седмата генерација на Great Wall Steed ги спојува издржливоста и имиџот во повеќе од пристоен пикап, што е добар за работа, но го привлекува вниманието и на возачите со активен животен стил, на коишто СУВ им е премногу салонски, а обичен пикап им е премногу камионски.

Steed 7 го исполира имиџот на пикапот што е докажан со теренските својства и со издржливоста на техниката

GreatWall Steed 7 tovaren prostor Makedonija

Со должина од 5,4 метри, седмата генерација на Great Wall Steed е за повеќе од 30 сантиметри подолга од претходничката. Пикапот солидно зафаќа простор и со ширината од 1,8 метар и висината од 1,74 метар. Најмалото растојание од подлогата е 212 милиметри. Со агол на пристап од 29 степени и агол на излез од 23 степени, каросеријата не ги ограничува теренските таленти на подвозјето. Товарниот простор е со димензија 1,68 х 1,46 х 0,48 метар, и вообичаено за Great Wall, уредно е обработен со заштитна облога.

превземен дел од текстот објавен во automedia.mk
автор: Дарко Јаконов
Прочитај го целиот текст тука:
https://automedia.mk/objavi/great-wall-steed7-mk/