02/ 2654-654; 02/ 2655-655 toltumotors@greatwall.mk

Веќе некое време тврдиме дека атрибутот „кинески“ не е воопшто негативен. Всушност, со оглед на пазарните околности и желбите на купувачите – би рекле дека зборот „кинески“ веќе во моментов (а уште повеќе наскоро ќе) означува и нешто позитивно. А и зошто не би било така?

Новиот H6 изгледа самоуверено. Навистина е тешко да се најде друг збор кој подобро ќе го опише ставот на кинескиот SUV – доминираат чисти и едноставни форми, како и јасни линии кои убаво ги дефинираат димензиите и квалитетите на H6.
Зад управувачот новиот H6 е токму онаков каков што и очекувавме да биде – комфорен и рафиниран.

GreatWall Makedonija Haval H6 2024 enterier

Кога сме кај моторот – новиот H6 доаѓа со 2-литарски турбо-бензинец кој испорачува одлични 204 коњски сили при 5500 вртежи во минута и 320 Nm вртежен момент од 2000 до 3200 вртежи во минута. Силата ја пренесува кон сите четири тркала преку 7-брзински DCT менувач со двојна спојка, а сето тоа резултира со спринт до 100 километри на час за 9.9 секунди, како и максимална брзина од рамно 200 километри на час.

превземен дел од текстот објавен во carclub.mk​
Прочитај го целиот текст тука:
https://www.carclub.mk/2024/01/25/test-haval-h6-2-0-gdit-dct7-4×4-supreme-gordo-od-kina/