25 Јуни е ден за городст во тимот на GREAT WALL – ТОЛТУ Моторс -Скопје – Лидер на македонскиот пазар за продажба на “Противпожарни интервентни возила со комплетна опрема за мониторинг, превенција и брза интервенција во справувањето со шумските пожари”.
Набавката , монтажата и испораката на оваа флота на противпожарни-интервентни возила, која ја обезбеди GREAT WALL -ТОЛТУ Моторс Скопје е проект на Швајцарската агенција за развој и соработка (SDC),координирана од Фармахем Скопје, а наменет за “Програмата за зачувување на природата во Република Северна Македонија (PZP)” организирана од општините Берово и Пехчево и подружниците на ЈП “Национални шуми” во соработка со Владата на Република Северна Македонија.

На свеченото предавање и пуштање во употреба на овие противпожарни интервентни возила, присуствуваа и голем број на претставници на надлежните институции во Република Северна Македонија на национално и локално ниво, министерства и јавни претпријатија кои имаа можност да се запознаат со комплетната орема за мониторинг, превенција и брза интервенција во справување со шумските пожари преку презентацијата на тимот на ТОЛТУ Моторс Скопје.

Горди сме што успеавме да помогнеме во превенцијата со справување со шумските пожари кои се се почести во изминативе десетина години, а еве сега и во Малешевскиот крај за кој постои иницијатива за прогласување на “Малешево” за заштитено подрачје.

Се надевам дека оваа соработка ќе продолжи и понатаму за набавка на вакви противпожарни интервентни возила за брза интервенција и во другите делови од земјава,се разбира во соработка со ЈП “Национални шуми” и владата на Република Северна Македонија – изјави Сашо Трпковски -соспственикот на ТОЛТУ Моторс Скопје – Лидер во испорака на возила од ваков вид во нашава држава.

Повеќе информации:
http://www.bregalnica-ncp.mk/2021/07/06/nova-protivpozarna-oprema/