02/ 2654-654; 02/ 2655-655 toltumotors@greatwall.mk

Довербата во квалитетите што (отсекогаш) ги нуди Great Wall одненадеж порасна енормно, откако марката настапува со многу повпечатлив дизајн; Но и технологијата пак напредуваше.

Haval H6 е способен да го привлече вниманието на улица, при што само малкумина ќе знаат за која марка станува збор. Големиот СУВ-модел според димензиите се движи во рамките на Skoda Kodiaq, со должина од 4,61 метри и меѓуоскино растојание од 2,68 метри.

Увозникот веќе има обезбедено соработка со неколку домашни специјалисти за вградување автоплин, петгодишната гаранција важи.

Ценовникот стартува од 22.400 евра, за изведба со 1,5-литарски турбо-бензинец со 163 КС – со директно впрскување и варијабилна работа на брегастите вратила, да нема сомнежи дека станува збор за обичен бензинец. Моторот ја исполнува нормата Еуро 6, а гаранцијата важи за 150.000 километри, односно 5 години.

Во топ-изведбите се достапни и напредни системи за асистенција. Постои и изведба со дволитарски турбо-бензинец со 190 КС.

Опременоста е стандардно импресивна, со електрична паркирна сопирачка, старт-стоп систем, алу-бандажи од 18 инчи, паркинг сензори назад, средишен дисплеј од 9 инчи, клима уред со филтер за полен, пристап и стартување без клуч уште во основното ниво.

превземен дел од текстот објавен во automedia.mk
автор: Дарко Јаконов
Прочитај го целиот текст тука:
https://automedia.mk/objavi/great-wall-haval-h6-makedonija/