02/ 2654-654; 02/ 2655-655 toltumotors@greatwall.mk

По првата средба со најновиот модел на Haval, компактниот СУВ Jolion, прашањето е: Дали уште постои и колку е мерлива разликата со производителите на автомобили што во Европа ги познаваме подобро?

Нашиот автомобилски пазар ретко бил во улога да е привилегиран. Тоа што македонскиот увозник на Great Wall го има новиот Haval Jolion во редовна понуда, не е друго освен голема привилегија за домашиот пазар. Најновиот модел од марката, за којашто Европа последен пат разбра дека отвора регионална централа во Франкфурт, во автомобилската велесила Германија, уште го немаат ниту видено тамошните купувачи, исто како и возачките и возачите во Франција, Италија или во Велика Британија. Jolion не само што се продава во Македонија, туку веќе ни доаѓа како втор модел од најновиот бран на моделската офанзива на Great Wall Motors – што може сосем спокојно да се нарече кинески Volkswagen Group.

превземен дел од текстот објавен во automedia.mk
автор: Дарко Јаконов
Прочитај го целиот текст тука:
https://automedia.mk/objavi/haval-jolion-premiera/