02/ 2654-654; 02/ 2655-655 toltumotors@greatwall.mk

Големината на домашниот пазар им дозволува на кинеските производители да напредуваат брзо со развојот на новите генерации возила. За помалку од десет години, СУВ-моделот од средната класа Haval H6 веќе надмина продукција од три милиони. Во меѓувреме има и нов модел, достапен и кај нас.

За претстава околу марката Haval, повеќе помага кога ќе се спомне нејзиниот концерн, односно Great Wall Motors. Станува збор за премиум марка во рамките на кинескиот концерн, чијашто понуда се состои строго од СУВ-модели.

Haval H6 е меѓу десетте најпродавани СУВ-модели во светот веќе пет години во низа

Следниве податоци ќе изненадат многумина: Haval H6 е меѓу десетте најпродавани СУВ-модели во светски (!) рамки во минатите пет години; Месечната продажба на домашниот пазар во континуитет надминува 80.000 примероци; Седум години во низа е најпродаван СУВ на кинескиот пазар; Рекордот од 80.495 возила на месечно ниво значи дека по еден автомобил се продавал во Кина на секои 33 секунди.

Понудата за Haval H6 кај Толту Моторс стартува од 22.400 евра, за верзија со 163 КС со менувач со двојна спојка

Haval H6 веќе стартуваше во втората генерација, а веќе неколку месеци се наоѓа и во понудата на увозникот Толту Моторс. Од гледиште на дизајнот, постигнат е голем напредок, исто како и во технологијата. Понудата за овој СУВ од средна класа почнува од 22.400 евра, за изведба со 1,5-литарски турбо бензинец со 163 КС и 7-степен менувач со двојна спојка. Просечната потрошувачка на гориво според фабрика изнесува 7,7 литри, емисијата ја исполнува нормата Еуро 6.

превземен дел од текстот објавен во automedia.mk
автор: Дарко Јаконов
Прочитај го целиот текст тука:
https://automedia.mk/objavi/haval-h6-3milioni/